По осум порази, Лејкерси конечно се израдуваа на триумф (Видео)

Лос Анџелес лејкерс конечно се израдува на победа. Тимот од „Стејплс центарот“ имаше сум порази по ред во подготвителниот период и стартот на новата сезона за конечно ноќеска да слави со 121:118 против Мемфис гризлис.

Кармело Ентони беше јунакот на домаќините. Популарниот Мело мечот го заврши со 28 поени и феноменален шут од игра (4/7 за два поени и 6/8 за тројка).

https://youtu.be/-Z6-cZz8b-o

Ентони со тоа успеа да стигне до деветтото место на вечната листа на стрелци во регуларниот дел од сезоната. Сега има 27.410 поени, оставајќи го зад себе Мозес Мелоун, кој во кариерата имаше постигнато 27.409 поени.

Ентони имаше одлична помош и од останатите големи ѕвезди во тимот. Ентони Дејвис заврши со 22 поени, Леброн Џејмс имаше 19 поени, а Расел Вестбрук беше со дабл-дабл од 13 поени и 13 асистенции.

Резултати: Бруклин – Шарлот 95:111, Хјустон – Бостон 97:107, Њујорк – Орландо 104:110, Оклахома – Феникс 103:115, Сакраменто – Голден стејт 107:119, ЛА лејкерс – Мемфис 121:118.

- Оглас -

Најнови вести