По пет месеци принудна пауза, во Кина конечно ќе се игра фудбал, но под посебни услови

Фудбалското првенство во Кина требаше да започне на 22 февруари, но тоа не се случи поради опасниот корона-вирус. Кина беше земјата во која се појави корона-вирусот и токму поради тоа беше одложен стартот на првенството.

Од појавувањето на пандемијата, во Кина неколку пати се одложуваше стартот на фудбалското првенство, но конечно е донесена одлука шампионатот да започне на 25 јули.

Ќе се игра скратена сезона, а поради хигиенско-санитарни причини одлучено е 16-те екипи да бидат поделени во две групи, а сите мечеви да се играат само на два стадиони.

Засега уште не е познато дали ќе биде дозволен влез на гледачите, но речиси сигурно е дека сите екипи ќе мора да играат со домашни фудбалери. Во Кина уште не се отворени границите и нема дозвола за странците да влезат во земјата.

- Оглас -

Најнови вести