По тешката повреда на главата, Игуаин заврши во болница

Јувентус во ремито против Лече не сметаше на услугите на Кристијано Роналдо, кој доби слободен ден, додека пак дуото во нападот Игуаин-Дибала не функционираше во игра, бидејќи голот на Пауло беше постигнат од белата точка. Сари на клупата немаше друг напаѓач, Манџукиќ не е во првиот тим, па затоа не можеше да ја смени тактиката за да освои три бода во 10-тото коло на Серија А.

Дополнителни проблеми создаде и страшната повреда на Игуаин. Во дуел со противничкиот голман, настрада главата на Аргентинецот, а бидејќи единствен начин да излезе од игра беше само ако го остави тимот на цедило и со играч помалку, Игуаин стегна заби и ги одигра сите 90 минути со преврска на главата.

Иако медицинскиот тим на Јуве привремено му ја санира повредата, Игуаин не смеел да се врати на теренот, ниту пак да врши непотребни напори, па затоа и стадионот го напушти на носилки и експресно беше пренесен во болница. Тестовите треба да покажат дали се работи за потрес на главата или пак надворешната повреда не е сериозна.

- Оглас -

Најнови вести