Победа на гостите со погодок во последниот напад – Хетафе и Севилја играа за да не го расипат просекот од 0-2 гола

Леванте и Реал Мадрид со ремито 3:3 го спасија речиси комплетното второ коло од шпанската Ла Лига да заврши со натпревари од 0-2 гола.

Вечерва и Хетафе и Севилја беа скромни, а победија гостите од Андалузија со погодок во 93-тата минута. Досадниот меч имаше драматичен финиш и Севилја победи со гол во последниот напад.

Рафа Мир ја погоди стативата, а на одбиената топка налета Ерик Ламела и ја смести во мрежата на домаќините. Веднаш по голот беше досуден крај на мечот.

Севилја е лидер со шест бода по две кола, а има гол-разлика од 4:0 и е пред шампионот Атлетико Мадрид, кој исто така има две победи со гол разлика од 3:1.

Досега во второто коло се одиграа 9 натпревари и 8 од нив завршија со 0-2 гола, освен дуелот во Валенсија, каде што Леванте и Реал Мадрид ремизираа 3:3.

Вечерва од 22 часот се игра последниот меч од оваа рунда меѓу Селта и Осасуна.

 

- Оглас -

Најнови вести