Победата на Меси му ја донесоа Северна Америка, Африка и – Македонија!

Лионел Меси ја доби најголемата поддршка од новинарите од американските континенти и Африка, кои гласаа за Златната топка на „Франс фудбал“, а и претставникот од Македонија му даде најмногу поени, додека Вирџил ван Дајк беше само петти.

Во Европа, Ван Дајк имаше 231, а Меси 194 поени од гласањето. Во Јужна Америка беше 47-39 за Меси. Во Азија беше 155-134 за Ван Дајк. Но, африканските новинари му дадоа предност на Меси од 187-170, во Северна и Централна Америка беше 102-96 за Меси, додека во Океанија 22-14 за Аргентинецот.

Македонија во гласањето учествуваше преку Марио Сотировски од весникот „Вечер“. Тој му даде 5 поени на Меси, а зад него ги смести Мохамед Салах, Кристијано Роналдо, Алисон Бекер и Ван Дајк.

- Оглас -

Најнови вести