Победи во рингот, но потоа тргна кон судијата и тоа му беше кобен потег (Видео)

На ММА спектаклот во Абу Даби се случи нешто што ретко се гледа во рингот. Ахмад Ал Дармаки беше главниот актер во инцидентот по кој, токму тој најмногу настрада. Познатиот борец ја доби борбата против Русинот Богдан Кириленко, но на крајот беше дисквалификуван.

Уште во првата рунда, Ал Дармаки го фати противникот за врат и погна да го дави. Русинот покажа со раката дека ја предава борбата, па реагираше и судијата Марк Годард. Сепак, наместо да се случи Ал Дармаки да го пушти противникот, тој продолжи да го гуши, па судијата мораше дополнително да реагира и да го тргне борецот од беспомошниот противник.

Ал Дармаки лут поради оваа реакција на судијата, тргна да се тепа и со арбитарот. Неколку пати го оттурна судијата кој остана присебен и не дозволи поголем инцидент. Поради овој потег, Ал Дармаки бешедисквалификуван и победи Кириленко, иако Русинот во рингот беше послаб.

 

 

- Оглас -

Најнови вести