Победите против Грција секогаш се слатки – Македонија со максимален учинок и многу оптимизам го чека ривалот во баражот за СП

Победите против Грција во било кој спорт се секогаш слатки за Македонија, а вечерва радост ни приредија ракометарките со триумф од 20:19 во последниот меч од првата фаза на патот кон Светското првенство.

Утре ќе ја чекаме ждрепката што ќе ни го донесе ривалот за пласман на Мундијалот, а оптимизмот порасна по максималниот учинок од три победи во квалифуикациската група, во конкуренција на Исланд, Литванија и Грција.

Вечерва во Скопје Грција пружи силен отпор и речиси постојано водеше се до 50. минута, во одредени периоди и до три гола разлика. Македонија поведе со 1:0 и со 2:1, а потоа гостинките ја презедоа иницијативата и одржуваа предност.

По првото полувреме беше 13:10 за Грција, но потоа предводени од извонредната Сара Ристовска Македонија се разигра и ја стопи предноста од 3 гола негатива.

Израмнивме на 15:15, а потоа и побведовме во 50. минута, третпат на мечот. Во финишот Ристовска погодуваше од седум метри, Јована Мицевска извонредно одбрани во последниот напад на Грција, па Македонија победнички го заврши првиоткруг на патот до Мундијалот.

Ристовска беше најефикасна со 10 гола, а Мицевска имаше 7 одбрани и фати клучна топка со извонредна интервенција на 10 секунди до крајот.

Македонија ќе биде во вториот барабан со селекциите што имаат послаб рејтинг пред утрешната ждрепка за бараж мечевите, од кои победниците ќе играат на Мундијалот.

- Оглас -

Најнови вести