Почетни состави: Флик не го менува тимот што победува

Ханси Флик со идентичните 11 во составот ќе атакува на втора победа во групите на гостувањето кај Локомотив во Москва.

Нападот го предводи Левандовски со Коман и Милер како поддршка од страните, а средината ја држат Горецка и Кимих, пред нив е Толисо. Павар, Шуле, Алаба и Ернандес се дефанзивната четворка пред капитенот Нојер, кои во дербито против Јорганџиите сочуваа празна мрежа.

Кај домаќините има измена во нападот, еден од стрелците во ремито со Лајпциг, Португалецот Едер, му го отстапи местото на Зе Луис.

Локомотив Москва – Баерн Минхен

Локомотив (4-3-2-1): Гилјерме, Живоглијадов, Чорлука, Паим, Рибус, Игнатјев, Макеев, Миранчук, Криховјак, Смолов, Зе Луис.

Баерн (4-2-3-1): Нојер, Павар, Шуле, Алаба, Ернандес, Кимих, Горецка, Толисо, Коман, Милер, Леванодвски.

И Шахтар почнува со истите 11-мина играчи кои славеа голема победа во Мадрид против Реал, а Антонио Конте ги врати Брозовиќ и Јанг во составот, додека Бастони и Хакими добија шанса во стартниот состав.

Шахтар Донецк – Интер

Шахтар: Трубин, Додо, Кочолава, Бондар, Корниенко, Мајкон, Марлос, Антонио, Тете, Соломон, Дентињо.

Интер: Хандановиќ, Д’Амброзио, Де Вреј, Бастони, Хакими, Јанг, Барела, Видал, Брозовиќ, Лаутаро, Лукаку.

- Оглас -

Најнови вести