Почина 35-годишен англиски фудбалер, легенда на Кардиф, познат по голови од далечина

Еден од најдобрите фудбалери во историјата на велшкиот Кардиф сити, Питер Витингам, почина на 35-годишна возраст. Ексиграчот од средниот ред на Кардиф беше хоспитализиран откако пред една недела се здоби со многу сериозни повреди во главата при пад во еден паб.

Англичанецот Витингам играше за младинскиот тим на Астон вила, го позајмуваа во Барнли и Дерби каунти. Вистинскиот пробив го имаше во 2007 година, кога потпиша за Сините птици. Со Кардиф влезе во Премиер лигата во 2013-та година, а му помогна на тимот да стигне и до финалињата на ФА купот и Лига купот.

За Кардиф одигра 459 меча, даде 98 гола, а во 2009 година беше прв стрелец на англиската Шампионат лига. Имаше настапи и за селекцијата на Англија до 21 година. По заминувањето од Кардиф во 2017, премина во Блекбурн, но таму остана една сезона.

- Оглас -

Најнови вести