Почина боксерот кој беше творец на најголемата сензација во овој спорт

Поранешниот американска боксер Леон Спинкс, почина на 67-годишна возраст. Спинкс беше олимписки шампион во 1976 година, но многу повеќе остана запамтен по легендарната борба што ја имаше две години подоцна против Мохамед Али.

По освојување на златниот медал на ЛОИ, Спинкс реши да влезе во професионалците и одлично започна. Имаше шест победи и една нерешена во првите седум меча. Тоа беше доволно за да добие шанса да боксува со легендарниот Мохамед Али.

За Али тоа требаше да биде една полесна борба, но Спинкс избоксува храбро во сите 15 рунди и судиите заслужено го прогласија за победник. Таа победа на Спинкс е една од најизненадувачките во историјата на боксот.

Седум месеци подоцна, Али доби реванш и го победи Спинкс, но сепак ќе се памти дека големиот шампион потклекна пред тогаш малку познатиот Спинкс.

Боксерот кој остана запишан дека во 1978 година го победи шампионот Али, на крајот од кариерата имаше 26 победи, 17 порази и три нерешени меча.

- Оглас -

Најнови вести