Почина една од најголемите легенди на англискиот фудбал

Една од најголемите легенди на англискиот фудбал, Џек Чарлтон, ја загуби битката со болестите (имаше деменција и лимфома) и почина на 85-годишна возраст. Популарниот Џеки беше член на шампионската генерација на Гордиот Албион која во 1966 година ја освои титулата светски првак, а подоцна беше селектор на Ирска со која направи големи успеси (ги однесе на првото ЕП, во 1988 година, и стигнаа до четвртфинале на СП 1990). Тој е еден од ретките Англичани кои станале почесни државјани на Република Ирска.

Чарлтон е рекордер по бројот на настапи во дресот на Лидс.

Џек и брат му Боби кој беше ѕвезда на Манчестер јунајтед, се едни од најпопуларните англиски фудбалери во историјата. Џеки целата 21-годишна играчка кариера ја мина во Лидс јунајтед, имаше 773 настапи, пред да се повлече во 1973 година. За Англија, ги одигра сите мечеви на Мундијалот во 1966.

- Оглас -

Најнови вести