Почина креаторот на една од најпознатите ренесанси во историјата на ЛШ

Легендарниот тренер на Розенборг, Нилс Арне Еген почина на 80 години. Еген е еден од оние тренери кои покажа дека Лигата на шампионите не е натпреварување создадено само за најбогатите клубови од најсилните превенства.

Еген беше тренер на Розенборг во периодот од 1988 до 2002 година и во тој период од 14 години направи вистинска ренесанса за клубот од Трондхајм. Под негово водство Розенборг освои неверојатни 13 титули по ред во домашното првенство, а дури осум сезони играше во групната фаза од Лигата на шампиони.

Најголемиот успех на Розенборг е четвртфиналето во ЛШ остварен во 1997 година, што и до денеска е најголем успех на клуб од Норвешка. Со Еген на клупата, Розенборг освои и шест трофеи во Купот на Норвешка.

Најголем дел од животот, Нилс го помина во Розенборг. Освен што беше тренер вкупно 20 години, со мали прекини, тој како фудбалер играше 10 години за овој клуб. Во периодот од 1974 до 1977 година, Еген беше и селектор на Норвешка.

- Оглас -

Најнови вести