Тотенхем и Челзи во тага во пресрет на лондонското дерби

Фудбалска Англија остана без легендарниот Џими Гривс. Фудбалерот кој беше дел од златната генерација на Гордиот Албион од Мундијалот во 1966 година, почина утрово на 81 година.

Гривс беше познат како еден од најдобрите голгетери во својата генерација, а остави голем печат во дресот на Тотенхем. Од 1961 до 1970 година одигра 379 средби во кои постигна 266 погодоци, со кои уште е најдобар стрелец во историјата на клубот.

Освен за Тотенхем, Гривс играше и во Челзи каде исто така имаше троцифрен број на погодоци. Во 169 меча, постигна 132 погодоци. Во кариерата која му траеше повеќе од 20 години, играше и за Милан Вест хем и Барнет. Дресот на англиската репрезентација го носеше вкупно 57 пати, а постигна 44 голови.

 

- Оглас -

Најнови вести