Почина Вилис Рид, легендата на Њујорк никс и еден од 50-те најдобри кошаркари во историјата на НБА

Легендарниот кошаркар на Њујорк никс, Вилис Рид, почина на 81-годишна возраст поради проблеми со срцето, соопшти НБА-тимот.

Вилис Рид е вистинска легенда на Њујорк никс, клуб во кој ја мина целата професионална кариера, од 1964 до 1974 година, и за тоа време успеа да освои две шампионски титули. Двете титули беа освоени во 1970 и во 1973 година, а Рид двапати беше прогласен за МВП на финалната серија, додека еднаш беше и МВП во регуларниот дел од сезоната.

Беше прогласен за дебитант на годината, а по еднаш беше избран и во најдобрата петорка и во најдобриот дефанзивен тим на сезоната, додека четирипати беше дел од втората најдобра петорка во НБА и има седум настапи на Олстар-натпреварите.

Вилис Рид и официјално е меѓу 50-те најдобри кошаркари во историјата на НБА-лигата.

За време на професионалната кариера, просечно постигнуваше по 18,7 поени и 12,9 скокови по натпревар.

По играчката, започна тренерска кариера и седеше на клупите на неговиот Њујорк никс, Атланта хоукс, Сакраменто кингс и Њу Џерси нетс, како и на клупата на Крејтон блуџејс.

- Оглас -

Најнови вести