Почна НБА-сезоната, шампионот понижен на стартот! (Видео)

Два меча беа одиграни во првата ноќ од новата НБА-сезона. Шампионот Лос Анџелес лејкерс загуби во дуелот од градскиот ривал ЛА клиперс со 116:109. Клиперс беше тимот кој доминираше во текот на целиот меч и малку неверојатно делува фактот дека Лејкерс во текот на сите 48 минути, во ниту еден момент немаше водство.

Фуриозен беше стартот на Клиперс, па само по неколку минути водството беше двоцифрено (16:5), а пред крајот на првата четвртина резултатот беше дури 22 поени предност (39:17). Шампионот се обиде да се врати во втората четвртина и успеа, затоа што на полувреме замина само со два поени негатива (56:54).

Иако Лејкерс имаше шанса во второто полувреме да направи целосен пресврт, Клиперс не дозволи такво нешто. Гостите повторно успеаја да стигнат до двоцифрена предност на крајот од третиот квартал и потоа во решавачките 12 минути со стабилна игра ја сочуваа предноста.

Пол Џорџ со 33 поени и Кавај Ленард со 26 беа најпрецизни кај победничкиот тим, додека Леброн Џејмс беше најефикасен кај шампионот со 22 поени.

Во мечот со кој стартуваше новата НБА-сезона, Бруклин нетс убедливо со 125:99 го победи Голден стејт. И на овој меч, домаќините уште во првата четвртина стигнаа до предност од над 20 разлика (40:19) и потоа на крајот на средбата во ниту еден момент не дозволија разликата да падне под 15 поени.

Во последната четвртина, во еден момент Бруклин стигна и до плус 38 (116:78), а на крајот разликата изнесуваше 26 поени. Кајл Ирвин мечот го заврши со 26 поени, Кевин Дурант имаше 22, а на спротивната страна Стеф Кари заврши со 20 поени, плус 10 асистенции.

 

- Оглас -

Најнови вести