Почнува јужноамериканското лудило – Бразил, Аргентина или некој трет ќе се радува на Копа Америка?

Најтрофејната фудбалска земја во светот, Бразил, ќе биде во центарот на вниманието во следните три недели. Од вечерва, па сè до 7 јули, Бразил ќе биде домаќин на јужноамериканското првенство, популарната Копа Америка. Вкупно 12 селекции распределени во три групи ќе бидат дел од 46-тото издание, кое треба да ја даде најдобрата национална селекција на овој континент.

Ова е турнир кој е постар дури и од Светското првенство. Ако за првиот Мундијал се чекало до 1930 година, Копа Америка првото издание го имала во 1916 година. Аргентина била домаќин на шампионатот, а Уругвај е запишан како прв победник. На првиот турнир кој бил само една група, учествувале уште и Бразил и Чиле. На крајот, Уругвај со 5 бодови станал првак, пред Аргентина со 4, Бразил со 2 и Чиле со еден бод.

Од таа 1961 година до денеска, Уругвај останува најтрофејна селекција со 15 златни медали, пред Аргентина со 14 и Бразил со 8 шампионски места. Титули уште имаат освојувано Парагвај (2), Чиле (2), Перу (2), Колумбија (1) и Боливија (1 титула).

Кога се работи и за бројот на учества, Уругвај е предводник со 43 настапи на завршницата. Аргентина има 41 настап на континенталниот собир, додека Чиле учествувал 38 пати. Бразил е на четврто место на оваа листа со настап на 35 првенства.

АРГЕНТИНА ПОСТИ РЕЧИСИ ТРИ ДЕЦЕНИИ, ЧИЛЕ ГИ ИМА МОМЕНТИТЕ НА СЛАВА

Помалку изненадувачки делува фактот дека Чиле е актуелен владетел на Копа Америка. Во последното финале, пред три години, Чиле по подоброто изведување на пеналите, ја победи Аргентина. Тоа првенство беше во чест на стогодишнината од првиот континентален собир.

Интересно е што тоа финале меѓу Чиле и Аргентина беше како реприза на тоа што се случуваше една година претходно. Во 2015 година, Чиле стигна до историскиот прв златен медал откако со 4:1 на пенали ги победи „гаучосите“. Следната година само малку беше поинаков резултатот на пенали. Чиле победи со 4:2.

Аргентина е под притисок дека мора да освои едно големо натпреварување со Лионел Меси во составот. Капитенот на Аргентина никако не може да се израдува на трофеј со националниот тим. Последен пат оваа земја беше континентален шампион во 1993 година.

БРАЗИЛ БЕЗ НЕЈМАР, НО ПАК Е ПРВ ФАВОРИТ

Кога се работи за фаворитите за трофејот, секогаш на листата има три селекции. Бразил, Аргентина и Уругвај. Првенството ќе го отвори домаќинот Бразил, и тоа против Боливија. Голем хендикеп за домаќините ќе биде фактот дека ќе играат без првата ѕвезда во тимот, Нејмар, кој се повреди за време на подготовките.

И без Нејмар, Бразил има тим со многу познати и докажани играчи, ќе ја имаат поддршката од домашната публика, која е желна за радост. Прв испит е средбата која ноќеска во 2:30 часот ќе се игра на стадионот во Сао Пауло.

Коефициентот за Бразил да биде шампион во Sport Life обложувалниците е 2,30, а потоа следи Аргентина 4,75, па Уругвај со коефициент 8. Освен за вкупен победник, може да типувате и за победник во трите групи, како и многу други игри кои може да ги погледнете во Sport Life

 

- Оглас -

Најнови вести