Почнува нова ера: Потпишан договор, а Коронавирусот е во клаузулата

Коронавирусот со огромна брзина се прошири низ Германија. Повеќе од 10.000 заболени има во една од најмоќните земји во светот. Поради опасниот вирус моментно сите спортови се сопрени, а не се знае кога ќе продолжат натпреварувањата.

Осумкратниот германски првак во хокеј, клубот на Дизелдорф, стана првиот клуб во кој е вмиетната Коронавирусот во клаузулата од договорот. Марк Занети е хокејарот што потпиша договор до јуни 2022 година, а за да има спогодба на двете страни имало еден интересн услов.

Додека трае епидемијата со Коронавирусот, Занети нема да ја добива целата плата на која е постигнат договорот. Додека трае прекинот на првенството во хокеј, Занети ќе добива симболична плата, додека откако ќе заврши здравствената криза, хокејарот ќе ја добие целата плата.

Досека во спортот немало Коронавирусот да биде вметнат како точка од клаузултата, но клубовите едноставно сакаат да се заштитат од непосакувани трошоци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести