Подобро да победиме 27-0 во регуларен меч отколку да игравме фарса

По информацијата дека тренер на младиот италијански тим Инвиктисауро од Гросето, кој победил со 27-0, добил отказ, се јави и Масимилијано Ричини, кој не смета дека резултатот е во спротивност со вредностите на младинскиот фудбал.

„Што требаше да направам? Да барам од моите играчи да му попуштат на противникот и да му дозволат да ни даде гол? Ќе беше поголема срамота ако само си додававме и ја чувавме топката или ако престаневме да играме. Водевме 6-0 во 10-тата минута, а на полувреме го прашав тренерот на Марина дали сака да го прекинеме мечот. Тој ме замоли да продолжиме и тоа го направивме. Секој што ќе каже поинаку, за мене е лицемер“, изјави Ричини, кој вели дека утре ќе имаат состанок управата со играчите и верува дека родителите ќе го убедат претседателот да ја повлече одлуката.

- Оглас -

Најнови вести