Подобро не можеше – Во чест на легендата Марадона, најдобриот стрелец на Наполи постигна еврогол (Видео)

Дријс Мертенс постигна спектакуларен гол во чест на легендата Диего Армандо Марадона, во вечер во која на спектакуларен начин беше промовирана статуата на легендарниот Аргентинец на стадионот во Неапол што го носи неговото име.

Мертенс постигна два гола против Лацио, а вториот негов и вкупно трет за домаќините беше вистински еврогол.

 

Мертенс е најдобар стрелец во историјата на Наполи, примат што извесно време го имаше Марадона, но го престигнаа и Белгиецот и Марек Хамшик.

Марадона почина пред една година, а во негова чест како голема легенда на Наполи и миленик на навивачите, стадионот е преименуван во „Диего Армандо Марадона“, а од вечерва има и своја статуа.

Наполи по првото полувреме води со 3:0 против Лациом со двата гола на Мертенс и еден на Зјелински.

- Оглас -

Најнови вести