Подолски е при крај со кариерата, се враќа во родната Полска

Полјакот кој играше за репрезентацијата на Германија, Лукаш Подолски, најверојатно кариерата ќе ја продолжи и ќе ја заврши во клубот Горник од неговиот роден град Забрже. Подолски играше за Анталијаспор заедно со нашиот Адис Јаховиќ, а имаше понуди од повеќе клубови, но реши да се врати во Горник.

Подолски имаше богата кариера, со Германија стана светски првак во 2014 година. Многу негови роднини живеат во Забрже, па тој сака повторно са игра за неговиот матичен клуб.

- Оглас -

Најнови вести