Подолски: Ние Германците уште еднаш покажавме кои сме и што сме

Бундеслигата се врати на програмата изминатиов викенд и како што можеше да се очекува, сите девет меча беа будно проследени. Со нетрпение се чекаше некоја од топ-5 лигите во Европа да продолжи со натпреварувањето во време на корона-вирусот, а Германците први најдоа решение.

„Ние Германците уште еднаш ја покажавме нашата дисциплина и ментална сила, покажавме дека можеме да работиме заедно и да најдеме решение. Никој не очекуваше, но сите сектори ја одиграа својата улога и вршеа напори Бундеслигата да продолжи и како што гледаме. тоа им успеа, па сега останатите го следат тој пример. Голем дел од кариерата поминав во тоа првенство и мило ми е што повторно се играат натпревари“, истакна Лукаш Подолски, ексѕвездата на Баерн Минхен и Арсенал.

- Оглас -

Најнови вести