Погба како Роналдо, го тргна пивото од пред себе (Видео)

Францускиот репрезентативец Пол Погба не сакаше пред него на прес-конференцијата по мечот со Германија да стои пиво, па реши да го тргне. Оваа реакција на Погба доаѓа само два дена по потегот на Кристијано Роналдо, кој ги тргна двете шишиња со „Кока-Кола“.

Португалецот порача дека треба да се пие повеќе вода, а не газирани сокови, а поради овој негов потег, акциите на „Кока-Кола“ забележаа голем пад, што донесе загуба од неверојатни четири милијарди евра.

На Погба не му пречеа соковите, но кога го забележа пивото на „Хајнекен“, веднаш го зеде шишето и го стави на земја за да не се гледа.

 

- Оглас -

Најнови вести