Погба нè учи како да спречиме ширење на коронавирусот – со помош на неговата прослава (фото)

Пандемијата со коронавирусот натера да се преземат драстични мерки и да се стопираат спортските случување барем на одреден период. Светот постепено се изолира со цел што побрзо да запре ширењето на смртоносниот вирус, па и Пол Погба, ѕвездата на Манчестер јунајтед се вклучи во битката.

Погба на својот „Твитер“ профил обајви фотографија како прославува гол со неговата позната „даб“ прослава. Пораката е: „Даб кога кашлаш, даб кога киваш, даб за да го победиш коронавирусот“. Инаку како што е познато една од мерките за спречување на ширење на вирусот е препорачано да се кашла, односно кива во лактот доколку сте во близина на една или повеќе личности.

è

- Оглас -

Најнови вести