Погба почна да следи на „Инстаграм“ еден клуб кој е заинтересиран за него

Агентот Мино Рајола пред неколку дена изјави дека неговиот клиент Пол Погба сигурно ќе си замине од Манчестер јунајтед по завршувањето на сезонава, а потоа рече дека најдобро би било за Французинот да се врати во Јувентус.

Според сите сигнали, љубовта меѓу Погба и премиерлигашот е завршена, а и Јунајтед би бил расположен налето да го продаде Погба за да не го загуби бесплатно во 2022 година, кога му истекува договорот. Наводно, Манчестер би го ослободил Погба за 55 милиони евра.

Во меѓувреме, Погба како да даде индиција каде би ја продолжил кариерата. Тој на социјалната мрежа „Инстаграм“ повторно почна да го следи Јувентус, клубот од којшто се пресели во Англија. Интерес за Погба има и од Реал Мадрид, поточно од тренерот Зинедин Зидан. Ако Зидан не го премисли сонародникот, изгледа Погба повторно ќе го облече црно-белиот дрес на најтрофејниот италијански клуб.

- Оглас -

Најнови вести