Погба се договори со „Амазон“ за сопствен документарен филм

Пол Погба, фудбалерот на Манчестер јунајтед, се договори со компанијата „Амазон“ околу снимање сопствен документарен филм со наслов „Погментари“.

Документарецот за животот на француската фудбалска ѕвезда премиерно ќе излезе на филмските платна во 2022 година, но засега нема точен датум. Во овој документарец ќе се открива патот до успехот на Погба, како и клучни моменти од неговиот живот кои му го одредиле походот кон фудбалскиот врв.

Погба се смета за еден од највлитателните фудбалери на денешницата со огромна фан-база на социјалните мрежи, па затоа се очекува документарецот да биде успешен и прилвлечен за фудбалската јавност.

- Оглас -

Најнови вести