Погледнете како изгледа најскапиот шампионски прстен во историјата на НБА (Фото)

Кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс ги добија шампионските прстени ноќеска, непосредно пред стартниот меч за нив во новата сезона во НБА-лигата и тие се најскапите во историјата на најсилната кошаркарска лига.

Изработени се од 16,45-каратно злато, а дизајнерот Џејсон Арашебен вели дека се непроценливо богатство без да ја открие нивната цена.

Интересно е што горниот дел од прстенот може да се извади и во внатрешноста има обележје на сите дресови што се повлечени од тимот, а им припаѓаат на големите легенди, меѓу нив и тој на Коби Брајант.

https://twitter.com/Lakers/status/1341575613706956801?s=20

Лејкерси тргнаа со пораз во новата сезона и го загубија дербито на Лос Анџелес од Клиперс со 109:116, но сепак имаа причини за радост бидејќи ги добија заслужените шампионски прстени за титулата што ја освоија во ланското издание на НБА со триумф против Мајами во големото финале.

https://twitter.com/espn/status/1341577768576888832?s=20

 

- Оглас -

Најнови вести