Доминира и на 39 години – Погледнете каков мајстор е Ибрахимовиќ (Видео)

Златан Ибрахимовиќ повторно одигра мајсторски и по неговата акција и асистенција до Франк Кеси во 18. минута Милан води со 1:0 против Удинезе.

Ветеранот и на 39 години игра импресивно, а со невидена леснотија му подготви зицер на соиграчот во 18. минута за предност на Росонерите во Удине.

Ибрахимовиќ е прв стрелец во Серија А со шест гола, а сега ја запиша и втората асистенција во стартните шест кола во Калчото.

Кај домаќините на клупата за резерви е нашиот репрезентативец Илија Несторовски.

 

- Оглас -

Најнови вести