Поглуп пенал здравје – Талент на Ајакс од вториот тим опасно се посрамоти (Видео)

Кик Пири младиот играч на втората екипа на Ајакс направи чуден пенал на дуелот со Рода што талентираните Копјаници го загубија со 1:0.

Токму 22-годишниот стопер е главен виновник за поразот, откако на глупав начин направипенал во 61. минута.

Пири по одбраната на голманот на Ајакс и додека топката беше во игра, ја фати со рацете за да ја намести за дегажман, заборавајќи дека таа не е излезена од игра.

Рода доби подарок и победи со 1:0, а целата ситуација која е и многу комична можете да ја погледнете ОВДЕ.

Пири има играно за Твенте и Херенвен во Првата лига на Холандија и има искуство, па чудно е што со потегот покажа дека не ги знае фудбалските правила и на неверојатен начин направи пенал.

- Оглас -

Најнови вести