Покажан црвен картон во облик на круг, објаснувањето е многу логично

Мечот од ФА купот меѓу Врексам и Шефилд јунајтед беше еден од највозбудливите изминатиов викенд во англискиот ФА куп, а на крајот домаќинот, кој игра во петта лига (полупрофесионално ниво на натпреварување), одигра 3:3. Врексам прави резултати кои досега биле незамисливи за екипа од тој ранг на натпреварување, но штета за неговите навивачи, затоа против против Шефилд примија гол во 95-тата минута и сега ќе мора да играат повторен меч, но овојпат на гостински терен.

Освен шесте погодоци, овој дуел го одбележа и моментот од 71-вата минута, кога судијата Дан Вајтстоун му додели црвен картон на Даниел Џебисон. Црвениот картон кој судијата Вајтстоун го покажа беше во облик на круг, а не во вообичаениот облик на квадрат.

Судиската организација на Англија подоцна даде објаснување за тоа зошто бил доделен црвен картон во облик на круг. Со тој потег судиите сакаат да им помогнат на навивачите и фудбалерите кои се далтонисти и не може да ги распознаат боите. Далтонистите не може да разликуваат црвена од жолта боја, како и сина од зелена боја.

„Црвениот картон во облик на круг се воведе со цел да им се помогне на фудбалерите кои не може да ги разликуваат боите“, стои во објаснувањето.

- Оглас -

Најнови вести