Покетино: Имав проблем со Нејмар и Мбапе кога кажав дека Меси ја заслужува Златната топка

Пари Сен Жермен никако да заигра како што очекуваа и посакуваа неговите навивачи кога клубот го ангажираше Лионел Меси. Јасно е дека Светците имаат страшен потенцијал, но засега не го покажуваат на терен и противниците не се на толкави маки како што се мислеше дека ќе бидат кога против себе ќе треба да ги имаат Меси, Нејмар и Мбапе.

Никој од тројцата кандидати за Златната топка на „Франс фудбал“ не е во идеална форма, немаат тимска игра, но тренерот Маурисио Покетино со доза на хумор се пошегува колку е тешко да се контролираат такви ѕвезди со големо его.

„Имав проблем кога реков дека Меси треба да ја освои Златната топка. Нејмар и Мбапе ме прашаа зошто Меси, а не тие. Во секој случај, добро би било кој било играч на ПСЖ да го добие признанието, но Лео ја заслужува Златната топка“, рече насмеаниот Покетино по оние 0-0 на дербито со Марсеј.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести