6864 Португалија – Шпанија (21 ч.)
Соседско дерби за пласман во четвртфиналето на СП. Португалија нема пораз на последните девет меча, а Шпанија е во низа од 14 средби без пораз. Минатото лето последен пат играа меѓу себе, и тоа во финалето на Лигата на нациите, кога беше 2:2, а Португалија победи на пенали со 5:3.
Традицијата вели дека на шест од последните седум дуели на овие ривали било нерешено по 90 минути игра, а Шпанија еднаш се радувала на минимален триумф од 1:0, што е најава за нов неизвесен дуел. Седум од последните 10 средби биле со не повеќе од два гола.
Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (2.75)
6895 САД – Белгија (02 ч.)
Домаќините се во еуфорија и очекуваат историски пласман во четвртфиналето. Голгетерски се расположени Американците кои дадоа 10 гола на досегашните четири средби.
Белгија игра неуверливо и на три од четирите дуели одигра нерешено. Не ги победи Египет (1:1) и Иран (0:0), а во 16-финалето се спаси од пораз од Сенегал, па потоа победи во продолженијата од 30 минути.
Тоа што е заедничко е дека двете селекции не калкулираат многу, сакаат да играат напаѓачки, а и традицијата на последните три меѓусебни дуели е со ГГ3+.
Предлог тип: ГГ3+ (1.92)
2607 Бромапојкарна – ГАИС (19 ч.)
Дуел од првенството на Шведска, каде што двете екипи имаат по 15 бода. Традицијата на последните осум меча вели дека двата клуба имаат по три победи, а два меча завршиле нерешено. Најчесто ова се дуели со најмалку два погодоци, што знали дека треба да се очекуваат возбудувања.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.98)
2608 Хакен – Ѓургарден (19 ч.)
Хакен нема ниту еден пораз во 10 меча во шведскиот шампионат (пет победи и пет реми), додека Ѓургарден има четири победи, четири порази и само само едно реми. Двете екипи во просек постигнуваат повеќе од два погодци на меч.
Сите четири последни средби на овие два тима биле со погодоци на двете страни, а еднаш имало дури седум погодоци и еднаш беа постигнати шест гола. Хакен не го победил овој ривал на последните шест натпревари, па сега ќе сакаат таа лоша низа за нив да заврши.
Предлог тип: 1+I &3+ (1.64)
3746 Судува – Трансинвест (17:45 ч.)
Дерби на колото во првенството на Литванија. Судува е втора на табелата со 29 бода, што е еден помалку од лидерот, додека Трансинвест е на третата позиција со 28 бода. Судува е најдобар на свој терен со пет победи и четири ремија без пораз, но и Трансинвест игра одлично на гости.
Предлог тип: 1Х&2-4 (2.07)

