Пол Џорџ доби 190 милиони долари за нов договор со Клиперс, колку ќе добие Кавај Ленард?

Пол Џорџ го продолжи договорот со Лос Анџелес клиперс, клубот за којшто ќе игра и во следните пет години за сума од 190 милиони долари.

Со предвидените бонуси, сумата може да порасне и до 226 милиони долари, што е астрономски договор, еден од највисоките во историјата на НБА-лигата.

Иако беше критикуван за скромните настапи во полуфиналето на Западната конференција против Денвер нагетс, тимот што ги елиминираше Клиперс, сепак Џорџ останува во тимот со шампионски амбиции.

Имаше актуелен договор на уште една сезона, што сега се продолжи на уште четири, а тоа би значело дека 30-годишниот кошаркар би можело да ја заврши кариерата во сегашниот клуб.

Следна цел на еден од фаворитите за титулата во новата сезона во НБА е да се продолжи договорот и со Кавај Ленард, првата ѕвезда во тимот.

Ленард пристигна во Лос Анџелес клиперс во 2019 година, исто како и Џорџ, и тие се ударниот тандем на една од најсилните екипи во Лигата.

 

- Оглас -

Најнови вести