Пол Џорџ има победничка песна за Клиперс

Пол Џорџ повторно имаше победничка песна за Лос Анџелес клиперс и со нов учинок од 30+ поени го предводеше својот тим до успех против Индијана пејсерс.

Олстар-кошаркарот постигна 36 поени, со 7 скока и 8 асистенции, а Клиперс ја победија Индијана со 126:115. За Џорџ ова беше четврти меч по ред на кој постигнува 30+ поени, а Клиперс веќе нанижаа шест победи по ред.

Извонреден беше повторно и Џејсон Тејтум, кошаркар кој пред некоја ноќ постигна 53 поени за Бостон селтикс како најмлад во историјата на франшизата.

Сега ја постигна клучната тројка за победа на Келтите против Портланд со 116:115. Тејтум беше прв стрелец со 32 поени, гарнирани со 9 скока и пет асистенции, а Лилард беше најефикасен кај поразениот тим со 28 поени,10 асистенции и пет скока.

 

Резултати: Индијана – Л.А. клиперс 115:126, Торонто – Атланта 103:108, Шарлот – Л.А. лејкерс 93:101, Јута – Оклахома 106:96, Феникс – Мајами 106:86, Портланд – Бостон 115:116.

- Оглас -

Најнови вести