Пол Џорџ во улога на наратор се збогува со Коби (видео)

НБА-лигата уште тагува по смртта на Коби Брајант, а ноќеска во „Стејплс центарот“ за првпат се организираше натпревар по трагедијата која се случи пред четири дена. Не играа Лејкерс, туку градскиот ривал Клиперс, кои загубија од Сакраменто со 103:124.

Пред стартот на средбата, присутните во салата уште еднаш се збогуваа со легендарниот Брајант, кој го загуби животот на 41 година во хеликоптерската несреќа, заедно со ќерка му Џана и уште седум патници и пилотот на хеликоптерот. Во видеото во чест на Коби, кое се прикажуваше на големиот семафор, наратор беше Пол Џорџ, ѕвездата на Клиперс, кој инаку е роден во Лос Анџелес и токму Коби беше неков идол.

„Пред четири дена во Калабасас, девет животи се загубени оставајќи црна дупка во Лос Анџелес. Вечерва се собравме во домот кој го изгради Коби Брајант да му оддадеме чест нему и на останатите загинати во несреќата. Коби беше синоним за Калифорнија како изгрејсонцето. Дојде во Ел-Еј како млад и надежен кошаркар, прерасна во феномен и се пензионира како интернационална икона. Тоа што неговата прерана смрт и по 96 часа уште боли, е доказ што значеше Коби за овој град. Без разлика дали играше за вашиот тим или против вашиот, неговото присуство секогаш се чувствуваше. Освои пет шампионски прстени и по неговото спректакуларно повлекување од кошарката, се закити и со Оскар. Тој пишуваше бајки, а покрај тоа што на сите ни беше ментор, беше и одличен татко“, зборуваше Џорџ при емитување на видеото.

- Оглас -

Најнови вести