Полудеа од среќа: Грми соблекувалната на Сити (видео)

Манчестер сити сосема заслужено го резервира своето место во финалето кое на 29 мај ќе се одржи во Истанбул, по двојната победа над ПСЖ во полуфиналето со вкупен резултат од 4-1 (2-1 во првиот меч, 2-0 во реваншот).

Радоста на Граѓаните е огромна, особено ако се знае дека ниту еден од нив досега не ја почувствувал среќата која ја носи пласманот во големото финале. Од моменталниот тим на Сити, само менаџерот Пеп Гвардиола бил во ситуација да се бори за пехарот со големите, уши и тоа успешно во два наврати како тренер на Барселона во 2009 и 2011 година.

- Оглас -

Најнови вести