Поминаа 28 години од денот кога Французите беа како попарени, а „Господ беше Бугарин“ (Видео)

Фудбалска Бугарија слави 28-годишнина од денот кога во последните секунди извојуваа неверојатна победа од 2-1 на гостувањето во Франција и се пласираа на Светското првенство во САД, на кое нашите источни соседи стигнаа до полуфинале.

Голот на Емил Костадинов предизвика шок кај публиката во Париз, а огромна радост кај коментаторите на бугарската телевизија, кои велеа „Господ е Бугарин“.

Ова уште е најболен пораз во историјата на францускиот репрезентативен фудбал, а Христо Стоичков вели дека 17 ноември го слави како втор роденден бидејќи да не беше тој ден, ќе го немаше ни сензационалниот успех на Мундијалот во 1994.

- Оглас -

Најнови вести