Понеделник ќе биде историски ден за шпанскиот тенис

В понеделник, за првпат во историјата ќе се случи на тениската АТП листа на првите две места да бидат двајца Шпанци.

Карлос Алкараз со триумфот на САД опен стана „светски рекет број 1“, а од понеделник втор ќе биде неговиот славен сонародник Рафаел Надал, кој ќе го прескокне Каспер Руд, кој испадна во четвртфинале на турнирот во Сеул.

Во 21-ви век, не се случило на првите две места да бидат тенисери од иста земја. Последен пат ваква ситуација имало во 2000, кога прв беше Американецот Пит Сампрас, додека втор беше Андре Агаси.

- Оглас -

Најнови вести