Понеделник ќе биде неработен ден во Велика Британија?!

Стотици илјади Англичани потпишаа петиција понеделник да биде неработен ден ако Англија победи на ЕВРО 2020, а и Владата на Велика Британија предводена од премиерот Борис Џонсон не ја исклучува таквата можност.

Финалето в недела почнува во 20 часот по локално време, може да трае и до 23 (ако има пенали), по што би следувало славeње, а наредниот ден треба да се оди на работа. Репрезентацијата на Англија никогаш не била европски првак, се надеваат дека в недела ќе извојуваат историска победа над Италија и славењето сигурно ќе биде огромно.

Притисок има и врз работодавците, кои ако понеделник не се прогласи за неработен ден, ќе добијат препорака да бидат флексибилни во врска со работното време в понеделник ако победи Англија.

- Оглас -

Најнови вести