Понеделник мириса на голови, играат екипи што се мераклии за офанзива

1009 Фулам – Астон вила (Премиер лига, Англија, 18.45 часот)

Фулам редовно ја гази Астон вила на „Крејвен котиџ“ и има шест победи во низа против тимот од Бирмингам. Домаќините скромно го почнаа камбекот во Премиер лигата, со два порази, што веројатно и не можеа да се избегнат, против Арсенал и против разиграниот Лидс.

Сега ќе имаат релативно послаб ривал што редовно го победуваат на свој терен, па имаат шанса за прва победа во Премиер лигата.

Астон вила се спаси во последен миг во ланското првенство и сега тргна добро во новиот циклус натпревари. Го победи Шефилд јунајтед, па и бод во Лондон вечерва за неа ќе биде успех.

Впечаток е дека двете екипи се изедначени по квалитет, па ќе ја почитуваме традицијата, која е на страната на Фулам кога е домаќин против Вила.

Предлог тип: 1Х&0-3 гола (2.00)

 

2806 Нордсјиланд – Лингби (Суперлига, Данска, 19 часот)

Нордсјиланд и Лингби имаат убава низа од шест меѓусебни дуели по ред со Гол-Гол, па очекуваме и седумка. И двете екипи играат напаѓачки, даваат и примаат.

Во ланското првенство Нордсјиланд беше најефикасната екипа во данската Суперлига, а Лингби тим со втората најлоша одбрана.

Ова ќе биде и дуел на поранешни дански шампиони, а Лингби имаше повеќе успеси во минатиот век, со два освоени пехари во 1983 и во 1992 година, додека Нордсјиланд блесна во 2012 година, кога го освои досега единствениот пехар во првенството.

Во последните неколу сезони Нордсјиланд постојано е во Топ-6 во Суперлигата и е фаворит против Лингби, но посигурен тип е дека и двете екипи ќе постигнат гол(ови).

Предлог тип: ГГ (1.59)

 

3660 Болоња – Парма (Серија А, 20.45 часот)

Чудни два меча одиграа лани во Серија А, а и двата завршија со резултат 2:2. Во Болоња играчите на Парма прокоцкаа чиста победа, а домаќините се спасија со голот на Блерим Џемаили во 95-тата минута.

Сосема спротивно беше на вториот меѓусебен меч во ланската сезона. Парма и тогаш се спасуваше, и тоа на неверојатен начин, со два погодоци во 93-тата и во 95-тата минута што ги постигнаа Куртиќ и Инглезе.

Интересно е што Болоња и Парма дури петпати ремизираа на последните шест меча, па и според квалитетот на двете екипи и според традицијата, мириса на ново реми на „Ренато Далара“ во Болоња.

Предлог тип: Х (3.50)

 

1663 Генк – Остенде (Жупилер лига, Белгија, 20.45 часот)

Раководството на Генк не беше задоволно со стартните пет бода на пет меча, па го смени тренерот Ханес Волф. На местото на Германецот пристигна искусниот домашен стратег Доменико Оливиери и почетокот му беше победнички.

Генк лани играше во Лигата на шампионите, а оваа сезона ја почна исклучително лошо и веќе заостанува со двоцифрена разлика во однос на лидерот Шарлроа.

Домаќините имаат солиден тим и противник по мерка за да забележат и втора победа под команда на Оливиери.

Остенде тешко излегува на крај со фаворитот и нанижа шест меча без победа на дуелите со Генк. Типуваме дека серијата ќе продолжи во меч со најмалку 3 гола.

Предлог тип: 1&3+ (2.30)

 

1601 Ливерпул – Арсенал (Премиер лига, Англија, 21 часот)

Арсенал полека, но сигурно го склопува новиот мозаик по теркот на Шпанецот Артета, а стартот е одличен за Топчиите. Актуелниот првак Ливерпул е стандардно јак и засилен со Тијаго Алкантара и Диого Жота повторно е подготвен за атак на титулата во Англија.

Домаќините ќе сакаат и реванш за поразот од Арсенал од пред еден месец, кога клубот од Лондон го освои пехарот во Комјунити шилд со триумф на пенали.

Во последните пет години имаше неколку епски дуели меѓу овие два клуба, а посебно се памети голеадата од пред една година во Лига купот, кога Ливерпул трипати се враќаше од негатива до 5:5 во регуларниот дел и потоа победи на пенали.

Последните 7 дуели им беа најмалку со Гол-Гол и вкупно 10 од последните 11 со слично сценарио, па ќе типуваме дека повторно ќе се игра ефикасно на „Енфилд роуд“.

Предлог тип: ГГ&3+ (2.03) Супер Тип на Sport Life

 

Квоти на денот во Sport Life се:

Партизан – Бачка Паланка 1&2+ (2.50)

Генк – Остенде 1Х&3-5 (2.35)

Ливерпул – Арсенал Т12+&ГГ (2.35)

 

 

- Оглас -

Најнови вести