-2.2 C
Skopje
сабота, 17 јануари 2026

Понижување за Синер: спортист на годината во Италија е тенисер, а не е Јаник!

Најпознатиот спортски весник во Италија, „Газета дело спорт“, го избра Лоренцо Музети за спортист на годината во Италија.

Ова е шокантна одлука за многумина бидејќи осморангираниот на светот Музети не е најдобар тенисер во неговата земја, туку Јаник Синер, па се поставува прашањето според кои критериуми Музети е пред Синер. Но, италијанската јавност му е лута на Синер што не играше во Дејвис купот и можеби го казнуваат на ваков начин.

Музети годинава не освои ниеден турнир, додека Синер освои два гранслема и завршниот Мастерс, а голем дел од годината беше прв на АТП-листата.

„Лоренцо Музети, кој се пласира меѓу првите десет во светот оваа година, е последниот преостанат поет со рекет во рацете. Тој е жив доказ за тоа што може да направи комбинација од талент и напорна работа. Оваа година Лоло ги задоволи дури и вечно незадоволните. Во фантастичната 2025 година, првпат влезе меѓу првите 10, првпат играше финале на Мастерс, се квалификува за завршниот турнир“, стои во образложението на италијанскиот весник.

 

- Оглас -

Најнови вести