Поради Инсиње, Наполи уште се надева на ЛШ (видео)

Наполи триумфираше со 3-1 против Болоња за 15-та овосезонска победа во Калчото по 26 кола. Наполитанците останаа во битката за четвртото место за кое уште се бори и Аталанта, а го држи Рома, додека Елиф Елмас ги одигра последните десетина минути од средбата на стадионот „Диего Марадона“.

Капитенот Лоренцо Инсиње брилјираше со два одлични погодоци, откако прво го отвори мечот во осмата минута, а потоа и ги постави конечните 3-1 во 76-тата минута. Осимен во меѓувреме во улога на џокер од клупата зголеми на 2-0 помалку од 10 минути по влегувањето во игра, а голот на Соријано за намалување на 2-1 беше доволен за составот на Синиша Михајловиќ да извлече нешто од дуелот.

Решавачкиот гол на Инсиње можете да го видите на следниот ЛИНК.

Во моментот кога дилемите беа разрешени, во игра влезе Елиф Елмас и ги доигра последните десетина минути од средбата.

 

- Оглас -

Најнови вести