Поради корона-вирусот го видовме најбизарниот прекин на еден натпревар! (Видео)

Екипата на Сондерјиске е освојувач на Купот во данскиот фудбал откако синоќа со 2:0 славеше против Алборг во финалето. Дуелот за трофејот се одигра со поблика и токму поради гледачите на трибините се случи еден од најнеобичните прекини.

Договорено беше гледачите на трибините да го почитуваат правилото на социјална дистанца и да нема групирање, туку сите навивачи да бидат одвоени по околу два метри. Сепак, во средината на првото полувреме, една навивачка група се собра и започна групно да навива.

Тоа го забележа главниот судија, кој веднаш реши да го прекине мечот и побара од редарите и полицијата да воспостави ред. Дел од навивачите кои не ја почитуваа социјалната дистанца дури беа уапсени, а дел избркани од трибините, па мечот продолжи и го дочека крајот.

- Оглас -

Најнови вести