Поради него вчера речиси и да немаше добитен тикет, а денес доби отказ!

Славен Билиќ е првиот тренер кој сезонава доби отказ во Премиер лигата. Хрватскиот стратег си замина од Вест Бромич албион само со седум освоени бода од 13 натпревари.

„ВБА и Славен Билиќ денеска ја прекинаа соработката. Со него си заминуваат и тројцата помошни тренери. Благодарност до Славен и неговите соработници за сè што направија во клубот и што минатата сезона успеаја да го доведат во Премиер лигата. Му посакуваме сè најдобро во иднина“, стои во соопштението на челниците на ВБА.

ВБА лани играше во Чемпионшип, а како второпласирана на табелата, обезбеди место во елитата. Сепак, сезонава тимот започна слабо и само со седум бода од 13 меча е на претпоследното место на табелата.

Неполни 24 часа пред да добие отказ, Билиќ со ВБА го направи најголемото изненадување во Премиер лигата откако одигра 1:1 на гостувањето кај Манчестер сити. Со ова реми, ВБА ја прекина очајната низа од 14 порази по ред во дуелите со Граѓаните, но очигледно дека тоа не беше доволно за Билиќ да ја задржи тренерската позиција.

 

- Оглас -

Најнови вести