Порака од тренерите на Дејан: На ЛОИ во Париз ќе освоиме најмалку еден златен медал

Борче и Дарко Костовски се тренерите кои со години работат со Дејан Георгиевски, момчето кое од пред неколку дена е сребрен на Летните олимписки игри во Токио, во теквондо. Браќата Костовски најавија уште многу работа и уште многу поголеми успеси во овој трофеен спорт.

„Ова што сега се случува, сме го мечтаеле многу години. Дејан на 27 јули во Токио го оживеа тој сон. Ова е само почеток. Здравје Боже, со Господ напред, на ЛОИ во Париз одиме на злато. Дејан кога почна да тренира теквондо, беше многу мал. Дејан треба да го чуваме како капка вода на дланка. Тој е светол пример“, рече Борче Костовски.

ДЕЈАН ИМА БРАТ И СЕСТРА КОИ ИСТО ТАКА СЕ ШАМПИОНИ, А ТУКА СЕ И ДРУГИТЕ ЈУНАЦИ ОД КОИ МОЖЕ ДА СЕ ОЧЕКУВААТ МЕДАЛИ ВО ИДНИНА

„Ние јасно и гласно ветивме медал од Токио. Верувавме во тоа. За жал, не беше златен медал, но ветуваме дека од Париз во 2024 година ќе донесеме најмалку еден златен медал. Дејан го крши мразот, но тука се Ана Марија Георгиевски, која е сестра на Дејан и е трето место на Светско првенство. Таа е потенцијален.  Тука е и Коки Георгиевски, тој му е брат на Дејан и е балкански шампион, како и Марко Стевиќ, кој е балкански шампион во теквондо. Спаринг-партнерот на Дејан, кој само пред еден месец доби сркшеница на раката, Симоне Алесио, кој доколку заминеше во Токио, можеше да стигне и до медал. Тука е и Филип Додевски, кој исто така има медали“, рече Дарко Костовски.

Дејан Георгиевски доби одличен пречек на плоштадот во Скопје. 

 

- Оглас -

Најнови вести