Поранешен аргентински репрезентативец крвнички ја претепа девојката (Видео)

Поранешниот аргентински репрезентативец Џонатан Кристалдо крвнички ја претепал својата девојка и го чека тешка казна.

Кристалдо кој има еден настап за „гаучосите“, а моментно игра за Расинг без причина како што вели Морела Дела Херас ја удриул со тупаница и потоа ја влечкал по подот.

Аргентинката покажа фотографии на социјалните мрежи како изгледаат повредите од нападот на нејзиното момче, а првичната казна за 30-годишниот фудбалер е забраната да и се приближува на 300 метри одалеченост.

Морела го пријавила нападот во полиција и сега се очекува казна за фудбалерот на Расинг.

- Оглас -

Најнови вести