1.8 C
Skopje
среда, 12 ноември 2025

Поранешен фудбалер на Ливерпул е нов тренер на Динамо Загреб!

Динамо Загреб и официјално се раздели со тренерот Анте Чачиќ, кому синоќа му беше кажано дека ќе биде сменет, но тој и утрово го водеше тренингот, повеќе формално, колку да се поздрави со играчите меѓу кои и Стефан Ристовски.

Иако уште е неофицијална најава, сигурно е дека нов тренер на Модрите ќе биде Игор Бишќан, легенда на Динамо, а пет години играше за Ливерпул. Бишќан е селектор на У-21 репрезентацијата на Хрватска, но по преземањето на Динамо, селекторската функција ќе му ја препушти на Ивица Олиќ.

Бишќан дебито на клупата на Динамо ќе го има в сабота против Локомотива. Тој има 44 години, а за Динамо играше од 1995 до 2000 година и подоцна од 2008 до пензионирањето во 2012.

- Оглас -

Најнови вести