Поранешен македонски репрезентативец преку комична голманска грешка до хет-трик (Видео)

Денеска во Првата лига на Србија (второ по ранг натпреварување кај нашиот северен сосед) падна неверојатен гол, а стрелец на тој погодок беше македонскиот интернационалец Душан Савиќ, кој направи хет-трик во победата од 3-2 на неговата Дубочица против Раднички Пирот.

Савиќ кој има 35 години и во минатото играше за Беласица, Победа, Вардар, Работнички, пред 13 години дебитираше за сениорската репрезентација на Македонија на пријателски меч против Нигерија, а последен пат во дресот за нашиот национален тим се појави во 2013 година на пријателска средба против Норвешка.

Голманот на Раднички, Растко Шуљагиќ, направи катастрофална грешка, па на искусниот Савиќ не му беше проблем да даде гол. Погледнете каков кикс направи голманот на кој му се смее цела Србија:

https://twitter.com/i/status/1332744185347252232

- Оглас -

Најнови вести