Поранешните фудбалски ѕвезди го типуваат резултатот во финалето, само еден верува во Тотенхем

Ливерпул или Тотенхем, кој ќе биде новиот европски првак, останува вечерва да видиме на теренот во Мадрид. Големиот сребрен трофеј сигурно ќе замине во Англија, но прашање е дали во Лондон или Ливерпул. Никој не може предвреме да знае како ќе заврши средбата на „Ванда Метрополитано“, но УЕФА најде интересна игра. Поранешните фудбалски ѕвезди го типуваа резултатот по 90 минути, а останува вечер да видиме дали некој ќе успее да погоди.

Алесандро дел Пјеро прогнозира дека ќе има „дожд“ од голови, па неговиот резултат е 4:4. Поранешниот тренер на Ливерпул, Хари Реднап типува дека нема да има погодоци, а некогашниот најдобар фудбалер во светот, Роналдо верува во победа на Ливерпул од 3:1.

Во победа на Ливерпул верува и некогашниот голгетер на Хрватска, а сега претседател на ХНС, Давор Шукер, кој типува 2:1 за тимот од „Енфилд Роуд“.

Поранешните соиграчи од бразилската репрезентација, Кафу и Роберто Карлос се согласни дека ќе биде 3:2 за Ливерпул.

Фернандо Мориентес кој беше играч на Реал Мадрид и на Ливерпул, очекува триумф на „црвените“ од 2:0. Мајкл Овен верува дека може да се повтори резултатот од двете последни лигашки средби кога Ливерпул беше подобар со 2:1. Овен очекува Јирген Клоп да има трета-среќа во финалињата од ЛШ.

Јиржи Дудек кој беше на голот на Ливерпул во легендарното финалето против Милан, што англичаните го добија на пенали, верува дека на „Енфилд Роуд“ ќе пристигне нов трофеј и тоа по победа од 3:1.

Диего Милито е единствениот играч кој типуваше победа на Тотенхем. Напаѓачот на Интер кој беше шампион во 2010 година, очекува лондонскиот клуб да победи со 2:1.

 

- Оглас -

Најнови вести