Порано беа лути ривали, а сега Рамос има само пофални зборови за соиграчот Меси

Повеќе од една деценија беа лути ривали и капитени на Реал Мадрид и Барселона и не се штедеа на теренот, а откако од минатото лето станаа соиграчи во ПСЖ, Серхио Рамос и Лионел Меси ја свртеа плочата.

Меѓу нив нема непријателство, а Шпанецот открива дека има одличен однос со Меси на и надвор од терените.

Токму поради големото ривалство додека настапуваа за двата шпански тима, на навивачите на ПСЖ им беше потребно време да се навикнат на податокот дека Рамос и Меси се соиграчи во францускиот тим и нема никакво ривалство меѓу нив.
Тоа за медиумите го потврди и дефанзивецот.

„Ние сме играчи кои имаат иста цел, а тоа е да победуваме со ПСЖ. Сакаме да му помогнеме на тимот на најдобар можен начин, со добра игра и со нашето искуство. Нашиот однос е фантастичен, а се покажува и на теренот и надвор од него“, изјави Рамос.

- Оглас -

Најнови вести