Пораз на Интер од Милан, ќе значи дека Спалети го чека судбината на Солари

Едно од најголемите дерби мечеви не само во Италија, туку во цел свет, меѓу Милан и Интер се игра вечерва. Милан ја има улогата на домаќин на „Сан Сиро“, но тоа не мора ништо да значи. „Росонерите“ немаат победа на последните шест средби против градскиот ривал во меч од 90 минути, но овој меч им доажа во вистинско време, бидејќи екипата на Џенаро Гатузо е во добра форма. Милан има седум победи и само три нерешени во последните 10 средби во Купот и првенството.

Интер е под многу поголем притисок. „Нераѕурите“ играат променливо, а поради таквите настапи, веќе се исфрлени од Купот на Италија, а пред неколку дена на свој терен беа елиминирани и од Лигата на Европа. Тоа значи дека првенството останува единствен мегдан за Интер. Доколку Милан успее да ги освои трите бода, тоа може да значи и отказ за тренерот на Интер, Лучано Спалети. Мало олеснување за Интер е тоа што Рома синоќа загуби од СПАЛ, па „нераѕурите“ ќе останат четврти на табелата дури и со пораз.

Ни Милан, ни Интер немаат шанси за титулата во Серија А, но победа во 223-тото градско дерби ќе значи еден голем чекор кон целта да се биде на позиција која води во Лигата на шампиони за следната сезона. Дербито на „Сан Сиро“ е во 20:30 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести